Ученици од Техничкото училиште од Битола добија прва награда за апликација за следење на автобускиот превоз во Битола преку GPS модул во реално време.
Студентите, но и средношколци од Битола и Демир Хисар во текот на два дена ги заокружија идеите што требаше
да го покажат нивниот оригинален и иновативен пристап во креирање на паметна околина со користење на паметни алатки.
Запознајте ги првонаградените учесници на Хакатонот 2024 одржан на 11 и 12 април 2024 на ФИКТ
Прва награда во категоријата средношколци доби проектот апликација за организација и следење во реално време на автобускиот превоз во градски услови со вградување на GPS модул во секое возило на тимот од Техничко училиште – Битола СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во состав Христијан Захарчев, Александар Темелко, Димитар Србиноски, Бобан Кузмановски, Огнен Лазаревски и Јован Илиевски под менторство на професорката Благица Богоевска.
Во категоријата студенти, апликацијата за организиран превоз и пребарување на распоред во градски и меѓу-градски сообраќај која опфаќа и решение со кое корисниците и компаниите/возачите на лесен и интуитивен начин да ги нудат својте услуги или најдат превоз доби прва награда, а тимот е во состав Давор Николоски, Димитар Вељановски, Арбисјан Абази, Андреј Стеваноски сите студенти на ФИКТ.