АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со ликовни, литературни и други едукативни работилници, учениците од општинското основно училиште „Гоце Делчев“, го започнаа одбележувањето на својот патрон празник. Дел од програмата утрово беше и историскиот час и положувањето цвеќе во спомен куќата на Гоце Делчев, а активностите финализираа со Свечена академија која се одржа во Кино „Манаки“. На Свечената академија, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој честитајќи им го патрониот празник на учениците и сите вработени во училиштето им посака уште многу успеси и високи резултати кои значително придонесуваат во реализација на заложбата за унапредување на воспитно образовниот процес.