
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Голема победа во Советот на Општина Битола за децата со посебни потреби. Сто деца добиваат по 15.000 денари за дефектолошки, логопедски и психолошки третмани, а нивните родители бесплатен паркинг на обележани паркинг места за лица со попречености. Иницијативата во Советот ја достави советникот Димитар Кузмановски од ЛДП, а останатите советници гласаа едногласно.
- Со одлуката, 100 ДЕЦА на возраст од 3 до 7 години, со наод и мислење од МКФ ќе добијат дополнителна финансиска поддршка од 15.000 денари годишно за дефектолошки, логопедски и психолошки третмани.
Исто така, родителите на деца со аутизам (F84) ќе имаат право БЕСПЛАТНО да ги користат веќе обележаните ПАРКИНГ места наменети за лица со попреченост.
Дополнително, од следната година Општината ќе обезбеди ФИНАНСИСКА поддршка за здруженијата кои работат со овие деца, со цел сите деца да имаат БЕСПЛАТЕН ПРИСТАП до потребните третмани и услуги, објави Кузмановски и изрази благодарност до сите советници кои ја поддржаа оваа одлука - "покажаа дека кога станува збор за децата, можеме да бидеме ОБЕДИНЕТИ околу вистинските вредности.
Секое дете заслужува поддршка, грижа и еднаква шанса за развој, напиша Кузмановски кој е единствен советник од ЛДП во Битола. Текст А. Блажевска
