Интегрален текст од прес конференцијата на Никола Јовески од ВМРО ДПМНЕ, поврзана со вчерашиот скандал во Средношколскиот дом во Битола кога директорката физички нападна вработена.
СДС пред заминување почнаа и да тепаат!
Страшниот изборен пораз во првиот круг ги порази и основните норми на пристојно однесување и премина во насилство!
Случајот на физички напад на директорката на Ученичкиот дом „Мирка Гинова“ Битола на вработена во установата е само продолжение на приказната за криминалот на истата директорка, кој што сега е во рацете на Јавното обвинителство.
Ова ли е честитката од СДС до работникот во пресрет на први мај?
Вака ли вие од СДС го почитувате работникот и неговите права - со тепање и физички пресметки?
Почитувани граѓани, заедно со вас го носиме новото време, доаѓаат промени, време на почит и достоинство за сите!
Време на репектирани институции, време на вреднувани работници!
Време на горда Македонија, Македонија твоја, моја, наша!