Со културно уметничка програма во дворот на основното училиште „Даме Груев“, започна второто издание на детскиот фолклорен фестивал „Весел петок“.
Тридневниот фестивал е во организација на КУД „Илинден“ и ОУ „Даме Груев“, со поддршка од општина Битола и ЈОУ КИЦ Битола, а истиот се организира по повод христијанскиот празник - Источен петок Балаклија, кој е познат во Јени Мале како Градски - Селски Велигден.
Дел
од програмата на фестивалот се: КУД Далмација Дуги Рат, Р. Хрватска, ГАНИП Пожаревац, Р. Србија, КУД 8 Октомври Крива Паланка, ученици од ОУ Даме Груев Битола, АНИП Орце Николов Скопје, КУД Илинден Демир Хисар, КУД Дримкол Вевчани и КУД Илинден Битола.