2win800x200

УЈП ја објави листата на должници - 1.918 правни лица и 3.790 физички лица

Мај 15, 2024

Вкупно 1.918 правни лица и 3.790 физички лица се најдоа на последната листа на должници на Управата за јавни приходи.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.610.197.639 денари (околу 173 милиони евра). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.431.812.675 денари, додека долгот за царински давачки е 178.384.964 денари.

Листата се однесува на  долгови доспеани до 31.01.2024 и неплатени до 30.04.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Како и на претходните листи и на оваа се најдоа голем број државни и приватни компании.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани