Десет основни и четири средни училишта од општина Битола, активно се вклучија во акцијата „Генералка викенд“ со расчистување на просторот во училишните згради и дворови.
Од средните училишта својата ангажираност за почиста животна средина ја покажаа учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, СОЕУ „Јане Сандански“, СОУ „Таки Даскало“ и ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, а од основните училишта со еко активности беа
вклучени учениците од училиштата „Даме Груев“ и „Коле Канински“ вклучувајќи ги и нивните подрачни училишта, „Свети Кирил и Методиј“, „Свети Климент Охридски“, „Стив Наумов“, „Д-р Трифун Пановски“, „Гоце Делчев“ и ОУ „Тодор Ангелевски“.
Општина Битола, изразува голема благодарност до сите ученици кои се дел од „Генералка викед“, но и до нивните наставници и менаџерските тимови на училиштата, кои на овој начин ги мотивираат младите од најрана возраст, да ја чуваат и заштитуваат животната средина.