2win800x200

Битола ја доби новата бесплатна туристичка брошура “Bitola City Guide 2024“

Мај 20, 2024

Битола ја доби новата бесплатна туристичка брошура “Bitola City Guide 2024“.  Втора година по ред  здружението на граѓани “Дојди, види и уживај“ од Битола издаде печатена  верзија на туристичкиот водич низ градот и Пелистер, на 36 страници, средена по категории, како и интересни факти, пред се историски за град Битола. На средина од печатената верзија има мапа од градот на предната страна и на задната, мапа од НП Пелистер, а на крај разгледница со мотиви од Широк Сокак. За прв пат изготвена е и дигитална верзија на туристичкиот водич низ Битола - нова веб страница на два јазици, македонски и англиски. На битолскиот градски водич работеа фотографи, дизајнерите, веб-дизајнерите, лектори и преведувачи од Битола.  

Отворете линк https://bitolacityguide.com

/435925448 461009476286762 8770156854140972476 n

„Второто издание на “Bitola City Guide 2024“, е туристичка брошура на град Битола која што е изготвена со голем ентузијазам и љубов кон нашиот град од нас и наши соработници. Брошурата е во функција на странските и домашните туристи, со цел да им овозможи да се чувствуваат пријатно во градот, да ги знаат сите информации, сите настани во текот на тековната година и да ги запознаат убавините на нашиот град“, рече Горан Спировски, туристички работник со над 12 годишно искуство во оваа област.

Оваа година има новитети во поглед на брошурата и надградена апликација на веб страната.

„Нашето второ издание е надополнето со веб страница, надградена апликација, со нов дизајн, ново лого. Често не прашуваат, зошто печатена верзија, кога се’ оди модерно преку дигиталните палтформи и одговорот  е едноставен, во Битола најголем процент од гостите што доаѓаат се над 40 - 45 години возраст и за нив многу поедноставно е кога туристите ќе ја фатат брошурата в рака  и ќе видат тоа што им треба. Ова е само „украдена“ идеја како функционира туризмот во европските држави“, вели Горан Пинза, туристички водич од Битола.   

436365470 953011209651898 6728361046795147641 n

Во печатената верзија на туристичкиот водич има понуда за туристите со намена да го задржи нивното внимание не само три часа колку го просен остануваат во градот, туку посета на Битола во подолг период.

„Битола е посетена попатно или тука остануваат околу три часа, а наша цел е да им покажеме и на сограѓаните и на останатите од државата и надвор од државата, дека Битола не е само за три часа. Не е само Хераклеја и Музејот, не е една прошетка низ Широк Сокак, туку добар период од неколку дена можат да исполнат во градот. Ако се посети целиот регион на околу 70-тина километри радиус, вниманието ќе биде посочено и на Преспанскиот Регион, Охрид, Крушево. дестинации на еден час возење од Битола. Туристите можат да одат и да се врата назад во Битола. Тоа е богатство, природа и култура што треба да се покаже“, вели туристичкиот водич Пинза.  

Меѓу медиумските спонзори на градскиот водич е и АПЛА.МК 

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани