2win800x200

Нови инхалатори - донација на Одделот за педијатрија во Битолската болница

Мај 20, 2024
КС Групацијата заедно со Минт Групација и Ротари Клуб Битола Широк Сокак, остварија донација во Одделението за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница Битола, како втора фаза од донацијата која групацијата ја оствари предновогодишно во истото одделение. Планираната донација од два професионални инхалатори беше остварена, со посета на претставниците на КС, Минт Групацијата и Претседателката на Ротари клуб Битола Широк Сокак - Моника Марковска кои беа пречекани од страна на Раководителката на Одделението и друг персонал на Клиничка болница Битола.
Инхалаторот кој го донира „Голд Фелиција” е набавен со парите од Новогодишниот хуманитарен базар кој се одржа во луксузниот амбиент на „Голд Фелиција”.
 Директорката Др. Елизабеа Ивановска , истакна дека оваа донација, ќе биде од голема помош за децата кои се хоспитализирани, на кои им е потребен инхалатор за време на нивната хоспитализација и лекување во одделението за Педијатрија и истиот е огромна помош при полесно инхалирање на потребните медикаменти или физиолошки раствор. Станува збор за донација на два професионални инхалатори кои ќе ја задоволат и покријат потребата на Одделението за педијатрија при бронхитис, разни респираторни болести, лекување на астма, воспаление на белиот дроб, алергија и други воспаленија.
 Истотака им се заблагодари на „Ротари клуб Широк Сокак” и на КС и МИНТ Групациите и за нивната заложба за донирање при ЈЗУ Клиничка болница Битола, истата се надева на понатамошна успешна соработка со нив!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани