2win800x200

Бисера Костадиновска има порака „до сите храбри преку тастатурата“, членовите и симпатизерите на СДСМ да се огледаат прво малку и на себе

Мај 30, 2024

Лавина реакции на социјалните мрежи и во медиуми предзивика јавно објавената Фејсбук порака на пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска по конститутивната седница на новиот собраниски состав, каде наместо на собраниската говорница реши новата власт да ја критикува на Фејсбук.

Костадиновска во интервју за ТВ 24 вести обидувајќи се да го одбрани чинот на нејзиното делување како избран пратеник во Собранието кажа дека не само 18 избрани пратеници на СДСМ, туку и членството и симпатизарите имаат „заеднички резултат“ за изборниот пораз. 

„Јас најпрво би сакала да порачам на сите храбри преку тастатурата, да се огледаат прво малку и на себе. Да видат дали овој изборен резултат кој што ние го имавме е резултат на само тие 18 партеници кои што сме внатре или еден заеднички резултат на сите членови и симпатизери на Социјадемократскиот сојуз и нивното однесување во изминатите 7 години“, вели на почетокот од изјавта за ТВ 24 вести Костадиновска.  

Нејзината фејсбук критика се однесуваше на „Новиот претседател на Собранието на Република Северна Македонија го прекрши духот на мултиетничноста на нашата држава, но и духот на Уставот и на Законот за употреба на македонскиот јазик при давањето на свечената заклетва за време на конститутивната седница на новиот собраниски состав.“

Но, по ова „писание“ Костадиновска наиде на остри критики од нејзините Фејсбук следачи дека во Парламентот молчат, а пишуваат фејсбук критики. 

-Не на фб тука пратеничке, на говорница ова да го кажевте, не сте таму за да молчите и тука на фб да кажувате...

-Што не излезе на говорница,туку се криеш по социјалните мрежи.Свесна ли си дека си пратеник,а не јалов дискутант на ФБ.Или,навиката која ја негувавте овие години ви создаде чувство дека Фејсбукот е местото на вашето пројавување.Во право беше еден новинар кога јавно на ТВ изјави дека СДСМ ја направивте ФБ партија.Парламентот е вашиот медиум кадешто треба да ги валоризирате вашите ставови,а ФБ е само бедна рекреација за вас на кој можете да соберете само поголем гнев отколку објективност

вввв

ццц

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани