Сандра Грибовска Илиевска е добитник на наградата за најдобра
млада актерка, на штотуку завршеното 69то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, објави Битолскиот народен театар. Грибовска-Илиевска е наградена за улогата во претставата „Брод за кукли“, по текстот на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.
Директорот Иван Јерчиќ објави дека наградата следува после поминати 33 години, претстава на БНТ да биде во натпреварувачката конкуренција на Стеријино позорје.