2win800x200

Никола Јовески вратен за директор на ООУ„Александар Турунџев“ во Кукуречани

Јуни 10, 2024

Никола Јовески е вратен на позицијата директор на ООУ „Александар Турунџев“, с. Кукуречани и тоа лично со одлука на сега екс министерот за образование Јетон Шаќири. Јовески има нов ве-де мандат, втор по ред. 

Турбуленциите околу директорското место во ова училиште траат подолг период. Во изјава за Апла.мк Јовески вели дека министерот Шаќири си ја исправи грешката со тоа што ја разреши претходната директорка од редовите на СДСМ и го врати Јовески на позицијата директор на училиштето. 

-Пред неколку месеци, неоправдано беа одземени ингеренциите на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, од страна на Министерството за образование и наука, во делот на назначување на директор во ООУ „Александар Турунџев“, с. Кукуречани.

Велам, неоправдано, бидејќи одземањето на ингеренциите беше само пуста желба на поединец. Изминатите скоро шест години, нашето училиште беше место каде што присутна беше полиција, просветни инспектори и кој се не, место на пресметки предизвикани од една личност  со вработените, место кое во медиумите беше претставено како „воена зона“, а лично против мене, во корелација со советничката група на СДСМ , беа поднесувани повеќе кривични пријави, кои се отфрлаа како неосновани.

Како што се вели „секоја река тече само напред“ така и ние, заедно со нашите ученици и наставници, одиме напред. Воедно, таа грешка со одземањето на ингеренциите  ја воочи и министерот Јетон Шаќири, и пред самото заминување од таа функција, мило ми е што одлучи да си ја исправи направената грешка, па ја разреши претходната директорка и ме именува мене. Зад нас оставаме период на кој не сакаме да се потсетуваме. Сега сите заедно, повторно ќе го вратиме сјајот и пријатната клима за учење и работа во ООУ „Александар Турунџев“. Располагаме со вредни ученици, вреден наставен кадар, убави услови за работа, па и самите ќе бидете сведоци дека пред нас следува период исполнет со успеси“, изјави деиректорот на Училиштето Никола Јовески .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани