2win800x200

Јован Деспотовски вечерва во Битола на средба со членството

Јуни 13, 2024

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Јован Деспотовски, денеска доаѓа во Битола за да ја презентира својата програма пред членовите на СДСМ во Битола.

 
Средбата е во 19.30 во ОО на СДСМ Битола.
 
-Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ.
Во фокусот се луѓето, а ова е програма која кој обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат во партијата повторно да го врати интегритетот и местото што го заслужува.
Програмата нуди конкретни мерки и поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките, унапредување на демократските процеси во партијата, професионализација на партиските тела со цел поголема ефикасност и воведување на култура на прифаќање и почитување на различни ставови и мислења, објави Деспотовски пред средбата .
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани