2win800x200

КОЊАНОВСКИ ПОБАРА ОД СОВЕТОТ ДА ДОНЕСЕ ИЗМЕНА НА ОДЛУКАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

Јуни 17, 2024
Поради зголемени градежни активности во централното градско подрачје и изградбата на топловодната дистрибутивна мрежа на град Битола, која се одвива на повеќе локации во градот, моментално на Ул.„Партизанска“ и спојот на Ул.„Баталјон Стив Наумов“ со Ул.„Филип Втори Македонски“, како и активности кои ги изведува Општина Битола согласно годишните програми како и Развојната програма за ул „Стив Наумов“ и ул. „Солунска“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, до општинскиот Совет, достави предлог Одлука, со која иницира и предлага Советот на Општина Битола на наредната седница, да донесе:
1. Одлука за измена на Одлуката за означување условите и утврдување режимот на сообраќајот во централното градско подрачје во Битола бр.07-688/4 од 27.09.1999 година („Службен гласник на Општина Битола” бр.7/1999)
Со донесувањето на измената на оваа Одлука, во време на зголемени градежни активности, ќе се овозможи непречено одвивање на сообраќајот и во терминот од 19.00 до 24.00 часот на ул. „Димитар Илиевски – Мурато“, од раскрсницата со улица „Никола Тесла“ до влезот на паркингот пред Центарот за култура. Доколку Советот ја донесе бараната измена, истата би важела заклучно со 31.12.2024.
По доставувањето на барањето од градоначалникот, од страна на претседателката на Советот, Габриела Илиевска беше побарано дообјаснување, по што истото беше прифатено и претседателката Илиевска, закажа седница на Советот, со бараната точка на дневен ред, во среда 19.06.2024 во 8.30 часот.
Можно е да е слика од текст
Можно е да е слика од текст
Можно е да е слика од текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани