2win800x200

„Хамлет“ од Битола, победник на 51. ИНФАНТ фестивал во Нови Сад

Јуни 19, 2024

Жирито на 51. Интернационален фестивал на алтернативниот и нов театар-ИНФАНТ во Нови Сад, составено од актерката Јована Балашевиќ, сценографот Јелена Радовиќ и актерот Милован Филиповиќ, едногласно ја прогласи претставата „Хамлет -денот на убиството“ во изведба на Народниот театар од Битола, за најдобра претставана 51. ИНФАНТ фестивал, јави дописникот на МИА од Белград.

Својата едногласна одлука жирито при доделувањето на наградата – статуетка изработена од академскиот скулптор Александар Бунчиќ ја образложи со следните зборови: Едноставност и прецизност на режисерската постапка, изедначена и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативно, концизно и конкретено.

Сето тоа го прави битолски Хамлет комплетна и вредна претстава, а во духот на најдобрата традиција на овој фестивал.

 

Во претставата по текст на Колтес во режија на Марјан Неќак играат актерите Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска.

Овогодинешната театарска ревија, која беше во избор на режисерот Александар Поповски, собра претстави од регионот со цел да ги прикаже аспирациите и движењата на алтернативната и современа театарска продукција во овој дел од Европа.

На 51 ИНФАНАТ беа изведени претставите „Сирано“ на Југословенскиот драмски театар, претставата „Хамлет – денот на убиството“ на Народниот театар од Битола и претставата „Збиља“ во изведба на Хрватскиот народен театар од Загреб.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани