2win800x200

Советниците едногласно го усвоија предлогот на Коњановски за режимот на сообраќај во центарот на градот

Јуни 19, 2024
Одговорноста кон граѓаните е токму најголемата причина поради која интензивно работиме на терен и додека некои советници забораваат и политизираат, јас и моите соработници од општинската администрација заедно со конструктивните претставници на граѓаните во Советот, континуирано наоѓаме решенија на различните ситуации во општината, кои останале заборавени повеќе од две децении. Тоа е случај како со некои нефункционални сообраќајни решенија, така и со недопрената патна инфраструктура на многу улици во урбаниот и руралниот дел.
На денешната вонредна седница на Советот на општина Битола, едногласно беше усвоена мојата предлог одлука за измена на одлуката за означување условите и утврдување режимот на сообраќајот во централното градско подрачје во Битола бр.07-688/4 од 27.09.1999 година („Службен гласник на Општина Битола” бр.7/1999).
Со усвојувањето на одлуката која се донесува поради интензивните градежни активности во градот, од вечерва престанува да важи забраната за сообраќај и ќе се овозможи непречено одвивање на сообраќајот и во терминот од 19.00 до 24.00 часот на ул. „Димитар Илиевски – Мурато“, од раскрсницата со улица „Никола Тесла“ до влезот на паркингот пред Центарот за култура.
Веднаш по донесувањето на одлуката остварив контакт со началникот на СВР Битола, од кој побарав зголемено присуство на сообраќајна полиција, особено во часовите кога сообраќајот е најфреквентен.
Дополнително, од јавното претпријатие за урбанистичко планирање кое го работи сообраќајниот проект за Плоштадот „Гоце Делчев“ да биде пешачка зона, побарав изготвување проект за поставување семафори кај хотел Епинал и Камен мост.
Сите предвидени мерки кои многу скоро ќе се имплементираат на терен, имаат за цел зголемена безбедност на граѓаните и поуреден град.
Можно е да е слика од мапа, план на објект, нацрт и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани