2win800x200

Посебна комисија ќе утврдува дали имало пропусти во лекувањето на починатото новороденче од Ресен

Јуни 24, 2024

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира формирање на Комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во лекувањето на новороденчето од Ресен, кое почина 30 часа по раѓањето во Клиничката болница во Битола.

На 20 јуни е извршен вонреден инспекциски надзор во битолската Болница и на Клиниката за детски болести во Скопје, но и во приватната здравствена установа д-р Тони во Битола.

Од увидот во неонатолошката документација е констатирано дека новороденчето било донесено и при раѓање имало ливидна кожа, ослабен тонус, ослабени рефлекси и брадикардија.

Од ДСЗИ информираат дека согласно надлежностите, направен е увидот во медицинската евиденција и документација на одделението за гинекологија и акушерство како и на неонаталошкото одделение во ЈЗУ КБ Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани