АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лидија Тфирст Митревска, директорка на градинката „Естреја Овадија Мара“ си поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Таа беше кадар на СДСМ.
Во соопштение до јавноста таа информира дека денеска до Управниот Oдбор на детската градинка „Естреја Овадија Мара“ и градоначалникот на Општина Битола, доставила неотповиклива оставка на местото директор на градинката.
-Оставката ја поднесувам според сопствената совест и во духот на плурализмот, а во интерес на оние на кои бев посветена – децата во градинката и нивните родители. Имено, по последните избори, кога целокупната власт е во рацете на една партија, а партијата која ме поддржа за директор е во опозиција, нема да постојат услови за нормално функционирање на градинката и функционална соработка со институциите.
Им благодарам на сите со кои соработував во изминатиот период како директор на градинката и ú посакувам на градинката успешно да работи и понатаму, информира
Лидија Тфирст Митревска