Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.
Во
Скопје, попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и локална појава на град.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја,информира УХМР