2win800x200

СЕ АСФАЛТИРААТ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ КАЈ ООУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

Јули 13, 2024
 Една од локациите на кои работи Општина Битола се спортските игралишта кај основното училиште „Елпида Караманди“, каде се врши асфалтирање на терените.
Проектот кој го реализира локалната самоуправа, вклучува реконструкција на фудбалско игралиште на површина од 1484 м², игралиште за кошарка на површина од 151 м², за одбојка на 262 м², фитнес зона на 220 м² и патека за трчање на површина од 306 м². Со оваа инвестиција, Општина Битола е насочена кон создавање подобри услови за спортување и физички активности на најмладите, за што од општинскиот буџет издвоени се 22.373.885 денари.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани