2win800x200

Битола подготвена за „Илинденски денови“ од 19-31 јули во Битола

Јули 16, 2024

Од 19 до 31 јули започнува манифестацијата Илинденски денови, најстариот, најведриот и најмасовниот фестивал кој ни го носи светот дома.

Зачекорете во свет во кој минатото танцува со сегашноста на славниотфестивал на фолклорот Илинденски денови.  Под слоганот „Уметноста на традицијата“, ве повикуваме да бидете сведоци на безвременската убавина на светското културно наследство. Овогодинешниот постер, инспириран од овој ведар цртеж на младата уметница Јована Трајческа од основно училиште Даме Груев од Битола, го доловува духот на нашиот настан со свежиот и имагинативен допир на детската креативност, затоа што иднината им припаѓа на новите генерации, а и грижата за културноти наследство.Почувствувајте го ритамот на древните ударни инструменти, уживајте во погледот на традиционалните облеки кои ќе ги носат учесниците и слушнете ги ритмите што одекнуваат низ генерациите на многу нации кои доаѓаат на Илинденски денови, “ порачуваат организаторите.

Ова ќе биде визуелно патување, каде што традицијата не само што се памети, туку се живее во сета своја слава, објавија организаторите


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани