РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.
Денес, во 11:45 часот, во функција е ставен Блок 1. Претходно, за време на викендов на мрежа беше и Блок 3.
Блок 1 на РЕК Битола беше надвор од функција од петокот заради испадот на 110 киловолтната собирница на МЕПСО. Заради прекинот во напојувањето, одложени беа и операциите за пуштање во финкција на Блок 3. И покрај проблемите што ги предизвика испадот, стручни лица на РЕК Битола во рекордно време ги оспособија постројките за работи и комбинатот од денес произведува струја од два блока.
Ремонтините активности на Блок 2 на РЕК Битола продолжуваат согласно предвидената динамика, информираат од компанијата.