2win800x200

„Борба за души“: Како пропагандата во Македонија создавала Грци, Срби и Бугари пред 130 години

Јули 25, 2024

Во книгата „Селото и селанството во Битолскиот Санџак 1878-1912“ историчарот Васко Гичевски објаснува во какви околности живее населението во овој исклучително сензитивен период, какво било образованието, зошто е важно да се објавуваат книги работени според научна методологија, но пишувани за поширока популација, објавува umno.mk

Во книгата има едно интересно поглавје: „Борба за души“. За какви души?

– Тоа е назив, извлечен директно од историските извори и се однесува на борбата на странските пропаганди за придобивање на свои приврзаници. Во 19 век преовладува принципот на историското право за создавање на една држава и нејзино проширување. Кон територијата на Македонија свои аспирации имале Грција, Бугарија и Србија.

За да докажете дека имате право да освоите некоја територија, сепак не било доволно само да имате некакви историски толкувања и некакви мапи кои произлегле од националната митоманија. Потребно било да имате и население. Заради тоа соседните држави организираат и плаќаат образовна и верска пропаганда, која требало во Македонија да создаде Грци, Срби и Бугари. Притоа, таа пропаганда не била само мека. Се служеле и со колежи и палежи, силувања и други методи на физичка присила па така честопати ќе сретнете села кои во рок од неколку години неколкупати ја смениле својата „национална афилијација“. За македонскиот селанец кој бил неписмен тоа било комплетно неразбирливо нешто, непознавајќи го ниеден јазик на наведените држави. „Националната афилијација“ била само едно изјаснување за кое или добивате пари или избегнувате тепање и убиства. Се случувало дури и во едно семејство едниот брат да е Бугарин, едниот Србин а другиот Грк, зависно кој како бил принуден, физички или парично. Има дури и грозоморни случаи во Битола каде имало остра борба помеѓу романската и грчката пропаганда за влашко население, да се крадат и мртовци од гробиштата за соодветната пропаганда да има повеќе души на својот список.

istorija bitolski sandzak grunishta 1

Груништа, Мариово / Извор

 

Целиот текст на umno.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани