2win800x200

Горан Бојчевски и Матија Дедич на концерт во Битола - петок 9 август, Офицерски дом

Август 07, 2024
Горан Бојчевски и Матија Дедич Горан Бојчевски и Матија Дедич

 

„BALKAN NUEVO“со Горан Бојчевски и Матија Дедич во придружба со Јака Крушич на контрабас и Грегор Хроват на тапани. Ова е следниот значаен музички проект кој ова лето во рамките на БИТ ФЕСТ 2024 со поддршка на Општина Битола, ќе се случува на платото пред Офицерскиот дом во организација на КИЦ Битола.
 
Настанот е закажан за петок на 09.08.2024, со почеток во 21.00 ч.
 
Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот.
Горан Бојчевски магистрира на признатиот Моцартеуму во Салцбург со највисока оцена cum laude во класата на светски познатиот проф. Алоис Брандхофер(први кларинет на берлинска филхармонија). Критичарите го вбројуваат меѓу најдобрите кларинетисти во светот. Исто така, е композитор кој создава музика за филмови, реклами, балет, и напишал ја комплетната суита "Балкански портрети", која ја снимил во соработка со симфонскиот оркестар на РТВ Словенија. Посебно го цени фактот дека неговите композиции се изведуваат на различни универзитети низ светот, особено на Моцартеум во Залцбург. Тој е основател на нов музички стил "балкан нуево", кој црпи инспирација од неговите Македонски корени и ги модернизира со елементи од класичната и танго музика. Неговите композиции се изведуваат низ Европа, САД и Азија. Исто така, е добитник на Цељски грб (највисоко признание) за извонредни постигнувања на MOЦво 2018 година во СловенијаИстата година ги распродал сите концерти низ Европа, како и именитната Галусова сала во Љубљана. Со успешниот балет "Дервиш и смрт" со негова авторска музика ја наполнил концертната доворана Лисински во Загреб. Успешно настапува на сцени низ Европа и соработува со најголемите музички имена од Балканот - Гибони, Рибља Чорба, Влатко Стефановски, Симон Трпчески, Сидхарта, Амира Медуњанин, Владо Креслин и многу други."
Матија Дедиќ е врвен светски познат пианист, кој повеќе од успешно ја продолжува традицијата на неговите родители Арсен Дедиќ и Габи Новак. Концертира насекаде низ светот, гостува и соработува со најпознати светски имиња: Антонио Санчез, Скот Коли, Жен Џексон, Бојан З, Џон Холенбек, Јорис Дудли, Рашид Зероуал, Бруно Кастелучи, Катија Вернек, Хауард Кертис, Мелиса Алдана, Јоханес Вејденмулер, Крис Чик, Џонатан Блејк, Мат Бревер, Флавио Даванцо, Симоне Серафини, Франческо Берзати, Карл Невит, Томас Брамери, Ману Каче, Грегори Хатчинсон, Џо Сандерс, Мехди Насули, Клеменс Марктл, Стефано Сени, Томи Камбел, Маријан Соливан, Јаков Мајман, Стафорд Хантер, Калвин Џонс итн.
Пишува музика за телевизија и театар, а и соработува со големи поп имиња на Балканот. Хрватското авторско друштво го награди за албумот "Октопуси" како најдобар автор и најдобар џез новинар во последните 10 години! Во јули 2002 година, Матија настапи на џез Фестивалот во Монтре во Франција како еден од 11-те финалисти, кои беа избрани од повеќе од 400 пијанисти од целиот свет.
Добитник е на голем број највисоки Хрватски признанија во областа на културата.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани