2win800x200

Општина Битола на врвот на најтранспарентни јавни институции во државата

Август 14, 2024

Берово, Битола, Валандово, Кавадарци, Кичево и Министерството за одбрана се најтранспарентните јавни институции во земјава. 

Центарот за граѓански комуникации направил рангирање на министерствата и општините според Индексот на активна транспарентност за 2024 година.

Рангирањето се спроведува секоја година од 2016 година наваму. Опфатени се 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини според проактивното објавување информации од јавен карактер.

Индексот ги покажува следниве клучни аспекти:

  • Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 отсто (од максимално можни 100 отсто) и во однос на лани е подобрена за 4 процентни поени (од 76 отсто на 80 отсто).
  • Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 отсто, а на општините 79 отсто. Во однос на лани, кај министерствата нема напредок, а општините се подобриле за 5 процентни поени.
  • Од владините институции, максималните 100 отсто активна транспарентност годинава ги задржа само Министерството за одбрана, кое четврта година по ред ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност. Владата падна од ланското прво место и 100 отсто на 40 место со 87 отсто активна транспарентност.
  • За прв пат годинава, дури пет општини, Берово, Битола, Валандово, Кавадарци и Кичево остварија 100 отсто активна транспарентност.
  • Својата активна транспарентност ја подобриле 71 отсто од вклучените институции.
  • Меѓу регионитеИсточниот Регион ја задржа и дури ја подобри лидерската позиција во однос на другите региони (со 88 отсто активна транспарентност), додека Скопскиот Регион за многу малку ја избегна последната позиција на којашто се наоѓаше со години. Сега, на последно место е Североисточниот Регион (со 72 отсто активна транспарентност).
  • Најмалку информации министерствата објавуваат за своите надлежности (78 отсто од можни 100, а општините за финансиите (67 отсто од можни 100).

Целото истражување можете да го најдете на следниот линк.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани