Општина Битола продолжува со реализација на предвидените проекти, во насока на подобрување на инфраструктурните услови. Денес, започна асфалтирањето на улицата „15 ти корпус“ во населбата Недопирливи. Претходно во оваа населба заврши реконструкцијата на улиците „Милтон Манаки“, „Сотир Брбевски“ и „12 кладенци“.
Градежните активности продолжуваат и на улицата „Стив Наумов“, каде се асфалтираше на потегот од
улиците „Стево Патако“ до „Христо Ботев“ во должина од 160 метри, каде се поставени и 44 приклучоци за вода и 44 приклучоци за канализација. Со завршувањето на овој потег се продолжува со следната фаза од реконструкција на улицата „Стив Наумов“, така што деновиве ќе започнат работните активности на потегот од улицата „Христо Ботев“ до улицата „Пецо Божиновски“.
Општина Битола останува посветена на реализација на предвидените проекти за подобрување на патната инфраструктура и подобрување на условите за граѓаните.