2win800x200

Филипче во Битола-Наставниците школската година ќе ја почнат без покачени плати

Август 21, 2024

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска е во Битола се сретна со наставниците од градот.

-Разочарувањето од тоа што оваа година ќе ја започнат школската година без покачени плати е големо и тоа јасно ми го пренесоа.  Покрај наставниците има големо разочарување и кај сите останати работници кои школската година ја започнуваат со зголемени трошоци за живот и најави дека нема да се зголемуваат платите. Прекинот на трендот на постојан раст на платите, вклучително и на минималната плата која што СДСМ успешно го спроведуваше 7 години, е на директна штета на работникот и го загрозува животниот стандард на граѓаните. Денеска гледаме дека трошоците за живот се покачени а платите не се зголемуваат, што апсолутно значи дека животот за граѓаните станува потежок, рече Филипче.

Можно е да е слика од 10 луѓе и толпа
 

СДСМ останува партнер на работниците, на граѓаните и на синдикатите и ќе вршиме притисок врз владата да го смени планот, додаде претседателот Филипче.

-Преку Собранието, но и преку сите демократски механизми кои ни се на располагање ќе вршиме притисок врз актуелната власта да ги промени погрешните политики, да го смени планот и да овозможи платите да продолжат да растат, рече претседателот Венко Филипче, денеска во Битола.

Можно е да е слика од 9 луѓе

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани