АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола соопшти - На 22.08.2024 во 19.53 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Логоварди, битолско, на патот во близина до фармата на Земјоделски комбинат Пелагонија, покрај товарно возило „сканиа“ со битолски регистарски ознаки, бил пронајден починат С.М.(56) од Куманово, со живеалиште во Битола. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Битола и било утврдено дека товарното возило, сопственост на правно лице, кое го управувал С.М., било со кипер приколка која била крената и допирала жици за довод на електрична енергија, при што С.М. починал од струен удар. За настанот бил запознаен трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.