2win800x200

Спортските работници револтирани - од „Соколаната“ се земаат справи што не се на закупецот

Август 23, 2024
спортски работници -Соколана спортски работници -Соколана

Гимнастичарите од Битолскиот клуб под водство на професор  Николина Главевска, поранешни гимнастичари, професори тренери по гимнастика, Општинскиот сојуз на училишен спорт со голем револт реагираат дека досегашниот закупец на „Соколаната“ зема од објектот и справи кои не се негови и биле во гимнастичката сала пред 2005 година. Спортски работници бараат да се заштити имотот на општината и да не се унуштува она што било во објектот пред давање под закуп, велат спортски работници за Апла.мк . 

Фотографиите ни ги испрати спортскиот работник Михајло Трампевски со реакција дека се уништува имотот на општината. 

Денеска во „Соколаната“ се спроведува извршување, но спортските работници реагираат дека дека уништува имотот на општината.    

„Согласно донесеното решение од Апелациониот суд, извршителот ќе постапува денес, со што општината ги враќа назад објектите“, потврдуваат од Општина Битола.

Од Општина Битола за „Апла“ потврдуваат дека Општината утрово го презеде објектот оти закупецот го реиздаваше, а во исто време ненавремено ги регулираше обврските кон Општината.

паркет соколана

соколаната

455799923 494680236633758 2560693775490319642 n

справи

Репрезентативниот објект познат како „Соколаната“ сместен во Градскиот парк во Битола денеска со извршители и' се врати на Општина Битола.

Од Општина Битола за „Апла“ потврдуваат дека Општината утрово го презеде објектот оти закупецот го реиздаваше, а во исто време ненавремено ги регулираше обврските кон Општината.

„Согласно донесеното решение од Апелациониот суд, извршителот ќе постапува денес, со што општината ги враќа назад објектите“, потврдуваат од Општина Битола.

Иако даден под закуп на 30 години, закупецот го реиздавал на други и земал кирија, па Општина Битола покрена судска постапка со која си го врати објектот речиси десеттина години порано од договорот за закуп до 2035 година.

Поранешната битолска „Соколана“ е комплексот кој се простира на површина од над 10.000 квадратни метри (спортски објект од 992 м2, познат како ДТВ „Партизан“, како и дворно место од 8.399 м2 ), тука влегува и поранешниот кафе-бар „Зодијак“, спортското игралиште за мали спортови, паркингот, детскиот забавен дел, тениското игралиште, дуќаните што излегуваат на улица „Партизанска“ и други објекти, дадени под кирија уште во 2005 година.  

Неверојатно, но вистиното, цената на киријата за целиот овој комплекс била само 200 евра месечно, а кираџијата  „Џокер турист“ од Битола и таа сума не ја плаќал редовно, образложи градоначалникот Тони Коњановски.

Колку за споредба, цената на кириите за дуќаните на Широк Сокак, месечно се движат од 1.000 до 2.000 евра за дуќанче од 20 до 30  м2, па дури и до 5.000 евра за драстично помали површини од „Соколаната“.

По одлуката за извршување, општината вчера спречила да се демолира објектот во обидот да се испразни, оти се корнеле врати и прозори, дури имало и обид да се откорни и паркетот.

Од Општина Битола денеска потврдуваат дека случајот завршил пред Апелацискиот суд во Битола, откако лани во ноември Општина Битола го раскинала договорот со фирмата „Џокер турист“.  

Апелација со одлуката за враќање на „Соколната“ на Општина Битола всушност само ја потврди првичната одлука на Основниот суд во Битола.

„Апелациониот суд во Битола донесе Решение со кое жалбата на должникот се одбива како неоснована, а Решението на Основниот суд се потврдува.“

Во образложението на решението стои дека му се наложува „на должникот во рок од 8 дена од приемот на налогот, да ја предаде во владение на доверителот недвижноста со ознаки и објекти и површини наведени во изреката на решението. Со налогот му се забранил на должникот да ја отуѓува или оптоварува наведената недвижност“, стои меѓу другото во образложението на Решението од Апелациониот суд.

 

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани