2win800x200

Живко Митревски „воскресна“, си ја бара фотелјата во ССМ

Август 23, 2024

Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски, денеска на прес-конференција го нарече замајување барањето на работничката организација да се зголемат платите тврдејќи дека со ССМ се прави невиден скандал, објави nezavisen.mk. На прес конференцијата на Митрески упадна аклуелниот претседател Слободан Трендафилов.

-Насилнички доаѓате и сметате дека насилинички треба да останете. Нека гледа јавноста со какво насилие се служите… Да упатам јавна критика во делот на однесувањето на Трендафилов и замајувањето на јавноста за зголемувањето на платите. Ние како чесни синдикалци ќе бараме зголемување на платите и ќе бараме врз основа со легитимните синдикати да направиме реален социјален дијалог со кој ќе утврдиме зголемување на платите на начин како што е утврдено во нашето законодавство, а не повикување на нешто што е спротивно на сите стандарди, рече Митревски.

 

Тврди дека е нелегитимно сменет од функцијата со решение потпишано од поранешната министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.

– Пристигнато е најново барање од страна на ЕУ до претседателот на Владата на Република Македонија, исто така и до министерот за економија и труд со кои бараат елиминирање на сите решенија, посебно на решението на госпоѓата Ременска со кој нелегитимно бев променет од позицијата претседател на ССМ, вели Митревски и додава:

„Имаме непобитни факти кои говорат за низа незаконити дејствија и за жал Слободан Трендафилов продолжува со својата активност“.

Ја повика и Владата и ресорните министерства итно да реагираат да се спречат злоупотреби по насоките на ЕУ кои бараат исклучиво владеење на правото.

Преземено од https://nezavisen.mk/zhivko-mitrevski-voskresna-si-ja-bara-foteljata-vo-ssm/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани