2win800x200

На 2 септември протест на наставници во Битола, најавува НСОН

Август 27, 2024

Новата учебна година ќе почне со протести. Независниот синдикат за образование и наука едногласно донел одлука за серија протести поради, како што велат, непочитување на колективните договори и законот за минимална плата. Протестите ќе започнуваат откако ќе завршат часовите, што значи учениците нема да губат настава.

„Првиот протест кој ќе го започнеме ќе биде на втори септември во Битола. После работното време ќе биде тоа. Ќе се соберат просветните работници и ќе го искажат незадоволството. Приоритет е почитување на колективните договори, односно множење на минималната плата со коефициент. Тоа не се почитува веќе десет години. Почетната плата на просветните работници треба да се зголеми за 40%“ - Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука за sitel.com.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани