2win800x200

Иле Костадиновски нов директор на РЕК Битола

Септември 03, 2024

Иле Костадиновски е поставен од раководството на АД ЕСМ за нов в.д директор на РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија во земјата. 

Костадиновски доаѓа на местото на досегашниот управител Пеце Матевски, а за него познато е дека е дипломиран правник, објави Фактор . 

АД ЕСМ за нов прв човек пред десетина дена го именуваше Лaзо Узунчев, поранешниот директор на синџирот маркети за бела техника „Нептун“.

Во состав на Управниот одбор на друштвото во државна сопственост, покрај Узунчев, истовремено беа именувани следните членови: Реџеп Асани заменик-генерален директор, како и членовите Ѓорѓи Ѓорѓиевски директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски директор на производство, Виктор Јовановски директор за комерцијални работи, Иван Стојановски директор за финансиски работи и Владимир Пејоски директор на развој и инвестиции.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани