АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Актерот Васко Мавровски е именуван за нов директор на Народен Театар Битола. Тој е внатрешен човек од редовите на вработените и одлуката да биде на челната позиција на Театарот ја донел министерот за култура Зоран Љутков.
Како актер Мавровски има одиграно голем број на улоги во претставите и проектите на Битолскиот театар, а е основач и на детскиот театар „Петар Стојковски – Бабец“ од Битола и организатор на детскиот театарски фестивал “Битолино“. Мавровски е внук на бардот на битолското глумиште Петар Стојковски – Бабец