2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, родителите се гневни

Септември 04, 2024
весна Баковска весна Баковска

Втор ден од учебната година а родителите на децата со потешкотии се се повеќе гневни затоа што и денес нема образовни асистенти. Нивните деца се дискриминирани на почетокот на учебната година! Наместо во училишните клупи, седат дома бидејќи министерката за образование, Весна Јаневска, не ја заврши навреме постапката за вработување на образовните асистенти, обвинува Весна Баковска од СДСМ Битола .

-Родителите се во агонија како да ги организираат секојдневните обврски бидејќи нивните деца не може да следат настава, а министерката наместо да покажае разбирање и емпатија, ја лаже јавноста дека проблемот ќе биде решен деновиве.

Процедурата за вработување на образовните асистенти започна пред неколку дена и ќе трае цел септември, што значи дека децата со посебни потреби од настава ќе изгубат месец дена. Уште поголем проблем ќе биде ако по месец дена добијат нов асистент кој ќе треба да го прифатат и да се прилагодат, вели Баковска . 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани