2win800x200

Дејан Цветковски е нов ве-де директор на Камерен оркестар Битола

Септември 11, 2024
Дејан Цветковски-Камерен оркестар Дејан Цветковски-Камерен оркестар

Дејеан Цветковски е нов ве-де директор на Националната установа Камерен оркестар на Битола и доаѓа од редот на вработените. Досега со оркестарот раководеше диригентот Владимир Димовски, а смената е од техничка природа. Димовски е дел од ансамблот на МОБ и останува во  Камерен оркестар на Битола како надворешен соработник.  

 

 

Националната установа Камерен оркестар на Битола  испратија информација дека Владимир Димовски продолжува како надворешен соработник на НУ Камерен Оркестар на Битола
 
Од НУ Камерен Оркестар на Битола известуваат дека има промена од техничка природа во раководството. Односно по истекување на мандатот на досегашниот ВД Директор на НУ Камерен Оркестар на Битола Владимир Димовски, кој е вработен во Опера и балет, на негово место доаѓа вработен во НУ Камерен Оркестар на Битола, Дејан Цветковски.
 
За медиумите, Владимир Димовски изјави: 11 години се борев за Камерен Оркестар на Битола да стане Национална Установа со свои вработени. Пред две години тоа го постигнав, а оваа година успеав да вработам неколку луѓе. Една од многуте цели кои ги имав како ВД Директор на НУ Камерен Оркестар на Битола се остварија, првата од нив како што кажав е вработувањето на професионални музичари во оркестарот, и Битола да добие Национална Установа Камерен Оркестар, а втората да организирам концерт со оркестарот во Виена што исто така се оствари. Мојот ангажман во НУ Камерен Оркестар на Битола како ВД Директор истече пред нецел месец, а на позиција на ВД Директор може да е само вработен во установата, односно мијот соработник и еден од првите вработени во НУ Камерен Оркестар на Битола Дејан Цветковски. 
 
Мојата соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола ќе продолжи како и досега, затоа што во овие 11 години сум организирал преку 150 концерти низ Македонија, низ целиот Балкан, па се до европските метрополи како Прага, Рим, Виена. Им се заблагодарувам на сите коишто помагаа во организацијата на сите досегашни концерти, на сите моментални членови во оркестарот, и особено на членовите кои останаа со Камерниот и покрај сите препреки и потешкотии до ден денес, како што се Владимир Цветковски, Никола Трајановски, Валентин Наумов, Дејан Арсиќ, сегашниот ВД Директор Дејан Цветковски, Коста Стеваноски, Милена Марковска, Љупчо Милевски - доколку некој изоставив Ви се извинувам однапред. И за крај голема благодарност до нашата публика која верно не следи - продолжуваме со исто темпо како и досега. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани