АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши информираше дека со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, утре до крајот на денот, Министерството за економија и труд во соработка со Министерството за земјоделство и со Министетството за финансии ќе подготви листа на производи кои ќе бидат вклучени во есенска потрошувачка кошница –листа на околу 100 основни прехранбени производи (земјоделски и прехранбени)
„Работната група ќе направи симулација за ограничување или на цените или на маржите на овие 100 производи. Значи ќе се направат пресметки со намалување на маржите на 5%, 10% или 15% на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата треба да даде информација кое ќе биде најповолното решение за крајните цени за потрошувачите и какви ќе бидат фискалните импликации од оваа мерка. Предлогот и симулацијата на оваа есенска потрошувачка кошница ќе биде доставена до Владата на следната седница и ќе донесеме одлука за намалување на цените на овие основни прехранбени производи за крајните потрошувачи“ кажа министерот Дурмиши.
Toj нотираше дека оваа есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе продолжи да се применува во вид на божиќна потрошувачка кошница, рамазанска потрошувачка кошница, велигденска потрошувачка кошница со измена на листата на производи кои ќе бидат опфатени во зависност од периодот во кој ќе се применува.
„Во исто време сакам да информирам дека Законот за нефер трговски практики останува на сила и рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2.548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10% почнувајќи од 28 септември, како што претходно беше утврдено со Законот.Посветени сме да го даддме најдоброто за нашите граѓани и за нашата земја. Тоа се постигнува со конкретна работа и делувања“ кажа Дурмиши.