АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Промени во акционерската структура на битолскиот ЗК „Пелагонија“. Фирмата „Софија Градба“ ги продала сите акции што ги поседувала во комбинатот, а новиот сопственик е „Орка Холдинг“, објави pari.com.mk
„ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД БИТОЛА, согласно чл. 38 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, известува дека настаната е промена на сопственост врз акции на начин што одреден досегашен сопственик со над 5% од вкупниот број на акции – друштвото СОФИЈА ГРАДБА ДООЕЛ Скопје, повеќе не е акционер со над 5% акции, а постои нов акционер со над 5% акции – друштвото ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје со 46.046 акции, односно 22,69% од вкупниот број акции“, е официјалната објава од комбинатот, пласирана преку берзанскиот систем за електронски информации за котираните друштва.