2win800x200

БИТОЛСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ФРАНЦИЈА ЗА НОВИ ИСКУСТВА СО ВОДОРОДОТ

Септември 26, 2024

Во рамките на Проектот COLOURS, деновиве во францускиот град Ле Ман, се одржува симпозиумот посветен на развој на водородот како реагенс на иднината, под наслов „Hydrogen CoLab“.

Партнери во проектот се Универзитетот „Свети Климент Охридски“, Техничкиот факултет од Битола и Општина Битола.

Деновиве, битолската делегација во состав Борче Димитровски, секретар на општина Битола, Митко Костов, декан на Технички факултет од Битола и Христијан Делов, студент од четврта година на техничкиот факултет, на студиската програма Електроенергетски системи и обновливи извори, присуствуваа на дводневните активности, со свои презентации и видувања.

4 3

Серетарот Борче Димитровски, говореше во Панелот А: Политичко видување: Презентација на стратегиите за декарбонизациска мобилност и производство на водород, на тема "Развојот на битолскиот регион низ енергетскиот процес - дали водородот може да биде наша енергетска иднина?"

Делегацијата од Битола имаше можност да се запознае со врвните технолошки остварувања за примена на водородот во индустријата, автомобилизмот и во други дејности.

Секретарот Димитровски оствари значајни средби со претставници од енергетскиот сектор на Франција и останатите земји учесници во проектот.

2 6

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани