2win800x200

Прв академски час на Академија БАС

Октомври 02, 2024

Бизнис академија Смилевски – БАС денес го обележа свеченото отворање на новата академска 2024/2025 година. Првиот академски час на 17-тата генерација студенти од прв циклус на студии се одржа на двете локации - Скопје и Битола. И оваа година студентите ќе реализираат настава на две студиски програми на додипломските студии: Бизнис менаџмент или Маркетинг менаџмент.

На новозапишаните студенти им се обрати основачот на БАС, проф. д-р Цветко Смилевски кој потенцира дека образованието е еден од клучните столбови на секое општество, бидејќи го поставува темелот за личен и професионален развој на секој поединец.

 IMG 1513 800x600

Во името на академската заедница на институцијата се обрати и директорот, проф. д-р Гордана Тасевска која истакна дека преку образованието, студентите добиваат можност да ги развијат своите способности, да го разберат светот околу себе и да ја дефинираат својата улога во него. Образованието не се состои само од учење факти и информации, туку е процес на развивање критичко размислување и разбирање на општествените вредности.

Добредојде на студентите им посака и заменик директорот, проф. д-р Лидија Стефановска која упати искрени честитки до новозапишаните студенти со желба за нови знаења, можности, напредок и успех на секое поле.

IMG 1501 800x600

Присутните професори запознавајќи ги со дел од активностите кои треба да се реализираат од страна на студентите, ги поздравија и им посакаа среќен почеток.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани