2win800x200

Тројца загинати во сообраќајката на Патот Битола-Прилеп - патувале на работа во Битола

Октомври 03, 2024

Три лица го загубиле животот во сообраќајката која се случила утрово на патот Прилеп Битола, дознава АПЛА.мк. Неофицијално станува збор за здравствени работници од Прилеп  кои патувале на работа во Битола. 

Несреќата се случила околу 7 и 30 часот, по што сообраќајот. Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во 08,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка„Лагово“. 

Во сообраќајката учесвувале патничко возило марка „тојота“ со прилепски регистарски таблички што се движело во правец кон Битола и камион што се движел во обратен правец кон Прилеп.

Началникот на Итната медицинска помош од Прилеп Боше Милошески во изјава за МИА рече дека повикот за случена сообраќајна несреќа е примен утрово околу 7 и 45 минути.

„На лице место е констатирана смрт на тројца прилепчани, а повреден е возачот на камионот“,

вели тој.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани