2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Членството во НАТО и ЕУ ќе донесе повеќе странски инвестиции, кажа Тевдовски во Битола

Септември 18, 2018

Приоритет на Владата и локалната власт е економскиот напредок, создавање европски општини, со најдобри услови за граѓаните. Клучни во оваа насока се растот на платите  и изградбата на инфраструктурни проекти во Битола, рече министерот за финансии Драган Тевдовски, на денешната средба  со градоначалничката Наташа Петровска.

-Имаме одлична соработка со нашите меѓународни партнери, во моментот зборуваме со Светска банака за проект од 70 милиони евра со кој ќе се поддржи изградбата на локални патишта низ Македонија, а за Владата Битола е ден од приоритетите, во изминатиот период работевме на изградбата на пругата Битола-Кременица, приоритет е да се среди состојбата со долговите на училиштата, а во таа насока и општината и Владата преземаме активности и бараме начин овој проблем да се реши. Свесни сме за наследените проблеми кои ги има Битола и зборуваме за начините како може да се поддржи од Владата , бидејќи ние имаме волја и сакаме Битола да се гради, пред се за младите да останат тука, рече Тевдовски

Градоначалнчката Петровска ја потврди потребата од сорабтка меѓу локланата и централната власт. 

-Разговараме околу состојбите од финансиски аспект, со што дојдовме до заклучок дека и во следниот период  треба да продолжиме синхронизирано да делуваме, централната заедно со локалната власт, за справување со тековните, затекнатите проблеми со кои се соочува Општина Битола. Верувам дека и во идниот период ќе имаме исто така, плодотворни средби“, изјави градоначалничката Наташа Петровска.

Министерот Тевдовски, ги нагласи и придобивките за државата од влегувањето во ЕУ и НАТО, раст на економијата, сигурност на инвеститорите, отворање работни места и раст на платите. 

-Членството во НАТО  ќе има економски бенефити за Македонија,  НАТО – значи безбедност, сигурност,  тоа е најважно за инвеститорите  кога носат одлуки дали да инвестираат, да вложат пари.  Тоа придонесува економијата да има повисок е раст, односно повеќе да се инвестира, да се отвораат нови работни места, граѓаните да добиваат работа, а тоа ќе го овозможи и еден од приоритетите на оваа Влада, таа конкуренција да отвора нови работни места, а ќе прави притисок и платите да растат. Исто така имаме огромна поддршка и од ЕУ, затоа што со  парите од граѓаните во Европската унија се градат патишта, пречистителни станици и други  инфраструктурни проекти. Парите од ИПА фондовите изнесуваа 90 милиони евра годишно, а како повеќе се доближуваме до ЕУ,  оваа поддршка повеќекратно ќе се зголемува,  изјави министерот за финасии, Драган Тевдовски.

Градоначалничката Петровска и Министерот Тевдовски, се сретнаа и со стопанствениците од Регионалната стопанска комора,

"Од октомври можете да аплицирате со проекти во банките за 100 милиони евра од евтината кредитна линија обезбедена преку Европската инвстициска банка, им порача Тевдовски.

Тој ги повика стопанствениците да инвестираат, а Владата, како што рече, е тука да биде нивен партнер и да ги поддржи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани