2win800x200

Започна реконструкција на дел од улицата „Нико Фундали“

Октомври 14, 2024
Започнаа теренските активности за реконструкција на дел од улицата „Нико Фундали“. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и дел од општинската администрација која го координира проектот, извршија увид во денешните изведбени активности, кои опфаќаат отстранување на стариот асфалтен слој.
Реконструкцијата започна од спојот со улицата „Север-Југ“ на исток, до спојот со улицата ''Тошо Даскало'' на запад, со вкупна должина од 340.70 метри, а ќе биде опфатена мешовита канализација, водоводната мрежа и целосна реконструкција на постоечката коловозна лента со реконструкција на тротоарите.
Вкупно предвидени средства за реализација на овој проект се 12.628.225,00 денари, од кои за коловоз 7.506.051,00 денари, за водовод 2.443.398,00 денари и за мешовита канализација 2.678.776,00 денари.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани