2win800x200

Кој бизнисмен купи акции од Стопанска банка Битола по 4100 денари, наспроти понудата на Комерцијална од 3200 денари

Октомври 16, 2024

 

Вчера поминале две блок трансакции со акциите на Стопанска банка Битола, и тоа во едната помина пакет од 2,11 отсто, а втората пакет од близу еден процент, или 0,98 проценти.Тоа се значајни сопственички промени, бидејќи продажбите се за еден и однапред познат продавач, а не знаеме дали овие два пакети ги купил еден инвеститор, или станува збор за двајца.

Дали и кој го намалил или зголемил својот капитал, би се знаело евентуално во понеделник, кога Централниот депозитар за хартии од вредност ќе ја ревидира акционерската структура на компаниите.

Она што е заедничко и за двете трансакции е дека на нив се постигна прилично висока цена за акциите, и тоа во првата по 4.100 денари за акција, а во втората 3.920 денари.

Па, прашањето е кој беше подготвен да плати толку високи суми за акциите, односно дали е тоа некој од постојните акционери, или, пак, влегуваат и други инвеститори, објави Фактор.мк .

Или едноставно кажано, првиот пакет од 0,98 отсто се продаде за вкупна вредност од 257 илјади евра, додека, пак, вториот пакет од 2,11 отсто, достигна вкупна вредност од 526 илјади евра.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани