АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Комисијата за помилување предложила, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му доделила помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Тој добил намалување на казната за една година и му останува да одлежи во затвор уште три години.
Комисијата го уважила барањето на Талески и неговите адвокати во делот на намалување на казната и целосно ослободување и прифатила делумно намалување на остатокот од затворската казна.
„Транспортер“ беше еден од најголемите предмети за финансиски малверзации во времето на СЈО. За злоупотреба на службената положба и овластувањата со бесплатниот ученички превоз, Талески правосилно беше осуден во 2022 година. За трите години додека беше во куќен притвор, земаше редовна плата од Битолскиот театар, како да е на работа.