АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Според одлука на Судскиот совет во битолскиот Основен суд треба да работат 25 судии, но во моментот работат 11 судии, вели претседателот на Основниот суд во Битола Татјана Петровска во интервју за Тера телевизија. Судијата Петровска вели дека се вложуваат натчовечки напори во решавање на случаите за да нема незадоволство кај граѓаните и да е запазен моментот судење во разумен рок.
-Од 11 судии, еден е претседател, еден е делегиран во Прилеп, еден во Крушево, во моментов е во тек оглас за избор на судии во Апелациониот суд во Битола, за 4 судии, што значи дека постои реална можност да бидат избрани од нашиот суд, за тоа искрено посакувам, оти судии од нашиот суд се квалитетни, стручни и совесни со интегритет. И доколку би се случило тоа ние тогаш ќе останеме со 7 судии во ситуација каде треба да постапуваат 25 судии. Навистина состојбата ни е тешка, вели претседателот на Основниот суд во Битола Татјана Петровска во интервју за Тера телевизија.
На следниот линк е целото интервју на новинарот Дивна Грданова со претседателот на Основниот суд во Битола Татјана Петровска