2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Коњановски - Владата одобри за Општина Битола 3,7 милиони евра

Октомври 28, 2024

Градоначалникот Тони Коњановски потпиша 16  договори за реализација на 16 проекти во Битола 

 

-Потпишав 16 договори за реализација на 16 проекти, за кои како резултат на нашата навремена проектна подготвеност, Владата одобри за општина Битола 3,7 милиони евра.

Ова е значајна поддршка за нашата општина со која ќе инвестираме во изградба и реконструкција на улици во должина од над 10 километри на територијата на цела општина, изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа во должина од речиси 2,5 километри, како и водоводна мрежа во должина од околу 6 километри. Проектите опфаќаат и поставување на ново улично осветлување, енергетски ефикасна фасада на едно основно училиште, изградба на Центар за спорт и рекреативни активности, како и за санација на јужната трибина на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“.
Веднаш, по потпишувањето на договорите, започнуваме со отпочнување на постапките за реализација на активностите на терен.
Добиената поддршка значи поголеми можности и повеќе инвестиции, затоа што покрај инвестирањето во овие проекти, веќе планираме и работиме на нови инвестиции од општинскиот буџет.
Делата ги потврдуваат промените за поубава Битола, објави градоначалникот Тони Коњановски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани