АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во прекрасна навивачка и спортска атмосфера, синоќа за првпат светнаа рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“, каде што шестилјадната публика имаше можност да го следи дербито помеѓу вечните ривали Пелистер – Вардар, во кое победа славеше Пелистер со голот на Мирко Ивановски во 92 минута. Ова историско дерби, донесе голема радост за битолчани и верните навивачи кои се радуваа во еден глас, а фудбалерите на ФК Пелистер, со победа на првиот ноќен натпревар им го честитаа празникот „4 ти Ноември“ на своите сограѓани.