АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нуер Арслани повторно е назначен за директор на Музејот на албанската азбука во Битола, и тоа само неколку дена пред одбележувањето на 22-ри Ноември, Денот на албанската азбука. Арслани беше на чело на институцијата и во времето на владата на Никола Груевски .
Музејот на албанската азбука е институција основана со одлука на Владата во 2009 година, со цел заштита, истражување, стручно и научно проучување на музејски предмети значајни за азбуката на албанскиот јазик. Музејот располага со изложбен простор каде што се изложени музејски артефакти, етнолошки предмети и фотографии, како и спомен-соба на Комисијата на албанската азбука во која се претставени 11-те членови на Комисијата.
Секоја година на 22 ноември во просториите на Музејот се одржува свечена академија по повод Денот на албанската азбука. Музејот располага со училница која е опремена со соодветена опрема каде што се спроведува образовна програма за децата од 5-то до 9-то одделение.