2win800x200

Изложба на фотографии „Блиски сеќавања“ на Вера Христовска

Ноември 19, 2024

Деновиве во изложбениот салон на ДЛУБ беше поставена изложбата на фотографии насловена „Блиски сеќавања“ на Вера Христовска, самостоен уметник. Изложбата беше дел од програмата за празнување на 4 Ноември, денот на ослободувањето на градот (80 години од ослободувањето на град Битола) и беше поддржана од Општина Битола. Нејзиното официјално отворање се случи на 2.11.2024г во 20ч во просториите на ДЛУБ и беше посетена од љубителите на уметноста, кои љубопитно низ разговори ги разгледуваа поставените серијали на фотографии. Изложбата беше поставена следните десет дена и посетувана од учениците на гимназијата СОУ „Јосип Броз-Тито“ заедно со нивниот професор по ликовна уметност Александар Поповски. Фотографиите поделени во 3 серии, беа поставени на 3 различни простори во галерискиот салон со опишан текст. На голема проѕирна табла беа поставени 3 равиени 35 милиметарски филмови кои датираат од 2006 година. Секоја од овие серии на фотографии, опфати дел од урбаниот амбиентален и културолошки дел на градот низ годините наназад. Моменти, кои се дел од нашите сеќавања, по природа далечни а по дух блиски.

Прикажани поврзувања на човекот со делови од градот и совпаѓање со амбиентот на самата архитектура. Првата серија на фотографии, прикажува делови од празнични приказни кои се поврзани со ликови од приватниот живот на авторката и се развиени аналогни фотографии од 2006 година. Другите две серии на фотографии, прикажуваат амбиентален и културолошки дел од градот во период од 2020-2024 година, прикажувајќи делови од архитектурата кои се подзаборавени или обновени и моменти од секојдневното темпо во градот преку street фотографии. Христовска, води свое сопствено фотографско студио “Умка Фотографика студио“ и работи во повеќе области од уметноста како фотографија, графички дизајн, колажи, видео.  Доживувајќи го животот низ различни перспективи и држејќи чекор со современата уметност, таа наоѓа нови начини да се изразува себеси уметнички преку експерименталната фотографија, дигитални колажи и други медиуми . Христовска имала неколку самостојни изложби во Македонија и учествувала на повеќе групни изложби низ европските земји. Нејзините дела се објавени во странски културни списанија и на веб-страници за култура. Од 2010 година, Вера работи како фотограф на ИФФК Браќа Манаки, дел како официјален фотограф на филмскиот фестивал и дел како соработник за 2 / 2 странска агенција. Дипломирала графички дизајн и мултимедија на Универзитетот Св.Климент Охридски, Графички факултет, во Македонија и студирала една година во странство на Универзитетот во Загреб, Факултетот за графички уметности, Хрватска. Христовска, има добиено повеќе награди за своите фотографии, меѓу кои и прва награда на интернационалниот фестивал за современа фотографија Rovinj Photodays Festival, (Хрватска), во категорија архитектура, жириран од Дејвид Бејт, професор и фотограф на Универзитетот во Вестминстер, Лондон, Велика Британија. Изложбата од овој фестивал беше поставена и во Загреб, во Музејот за уметности и занаети, каде истата останува во архивата на музејот. Во 2016 година, ја објави својата прва боенка “Македонски орнаменти“ за етно културата, како учесник на Скопје Креатива Фестивалот, а во 2017 година го објави буклетот “Разгледници од Македонија“, како учесник на Скопје Креатива Фестивалот

 

 

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани