На 2 и 3 ноември 2024 година во хотел „Милениум“ – Битола се одржа обука за млади врснички едукатори и ментори.
Обуката беше наменета за млади врснички едукатори и ментори кои сакаат да стекнат знаења и вештини за препознавање и спречување на булингот во своите заедници. На обуката учествуваа едукатори, ментори и ученици кои ќе работат заедно со експерти од областа на психологијата и образованието.
Обуката беше посветена на развој на вештини за препознавање и спречување на булинг, како и за создавање поддржувачка средина меѓу младите. Програмата вклучува предавања од психолог, психолог-педагог и психотерапевт, како и интерактивни сесии за емпатија, емоционална интелигенција, решавање конфликти и медијација.
Главната цел на обуката е да се обучат млади врснички едукатори и ментори да препознаваат и да се справуваат со булингот во училишните и социјалните средини. Со развивање на емпатија и емоционална интелигенција, младите учат како да поддржуваат свои врсници и да работат заедно со училишниот персонал за создавање безбедна и поддржувачка заедница.
Субгрантот „ Силата на заедницата: против булингот за поддршка и припаѓање “ е дел од Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите имплементиран од Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).